
Тампа Беј Лајтнинг им го нанесоа третиот пораз во низа на Минесота Вајлд, откако синоќа ги совладаа со 4-2.
Во втората третина, Минесота двапати поведуваше, а Тампа израмнуваше во два наврати, пред да дојде до конечниот триумф во третиот период.
За гостинскиот состав, во листата на стрелците се запишаа Јоел Ериксон и Кирил Капризов при ,,шорт-хендед”, односно при ,,пауер-плеј” ситуација.
На спротивната страна, двоен голгетер беше Кори Пери, а по еднаш реализираа Стивен Стамкос и Никита Кучеров.
Во Западната конференција, Минесота го зазема деветтото место, додека Тампа Беј е петтопласиран тим на Истокот.