
Минесота Тимбервулвс изборија пласман во плејофот на НБА, откако во првиот меч од плеј-ин фазата ги совладаа ЛА Клиперс со 109-104.
Натпреварот, во целото свое времетраење, беше неизвесен, но Тимбервулвс дојдоа до победата со серија од 18-6 во самиот финиш.
Најефикасни кошаркари од домашните редови беа Ентони Едвардс со 30 и Д’Анџело Расел со 29 поени.
Кај Клиперс, најрасположени во нападот беа Пол Џорџ со 34 и Реџи Џексон со 17 кошеви.
Иако загубија, претставниците на Лос Анџелес ќе имаат шанса за поправка против победникот од дуелот помеѓу Сан Антонио Спарс и Њу Орлеанс Пеликанс.




