
Актуелните шампиони, Милвоки Бакс, ја запишаа петтата победа во низа, откако синоќа ги декласираа Оклахома Сити Тандер со 115-142.
Оклахома го започна мечот со серија од 8-2, но до крајот, Бакс поведоа и константно ја билдаа својата предност.
Дабл-дабл од победничките редови запиша Боби Портис (18 поени и 14 скокови), а поефикасни од него беа Крис Мидлтон и Јанис Антетокумбо со 25, односно со 39 поени.
Кај Оклахома, две двоцифрени статистики имаше Шеј Гилџус-Александер (33 поени и 14 асистенции), а втор стрелец со 16 кошеви беше Линди Вотерс.
Во Источната конференција, Милвоки (41-25) го држи третото место, додека Оклахома (20-45) е претпоследен тим на Западот.