
Во првиот меч од четвртфиналната фаза на НБА, Милвоки Бакс ги совладаа Бостон Селтикс на гостински терен со 89-101.
Бакс стекнаа константна предност во втората четвртина и водеа сè до самиот крај што беше доволно за вкупни 1-0.
Од победничките редови, Јанис Антетокумбо (24 поени, 13 скокови и 12 асистенции) постигна трипл-дабл, а дабл-дабл учинок запишаа Џру Холидеј (25 поени и 10 скокови) и Боби Портис (15 поени и 11 скокови).
На спротивната страна, најефикасен со 21 кош беше Џејсон Тејтум, а две двоцифрени статистики имаше Ал Хорфорд (12 поентирања и 10 фатени топки).