Екипата на Холабрун за која настапуваат Никола Костески и Влатко Митков славеше важна гостинска победа во плеј-офот за влез во најсилната лига во Австрија над Кеплингер-Траун со 31:32 (полувреме 12:14).

Убедливо најдобар играч на натпреварот беше повторно нашиот Никола Костески со 11 голови, додека вториот македонец Влатко Митков додаде 2 погодоци.
