
Третиот меч од финалната серија помеѓу Милвоки Бакс и Феникс Санс беше одигран во ,,Фисерв Форум”, Милвоки.
На него, Бакс го искористија домашниот терен, славеа со 120-100 и го намалија својот вкупен заостаток на 2-1.
Санс беа конкурентни сè до средината на втората четвртина, а оттогаш Бакс го започнаа својот победнички поход.
Јанис Антетокумбо (Милвоки) одигра докторски натпревар и забележа дабл-дабл од 41 кош и од 13 скокови.
Од неговите соиграчи се истакнаа уште Џру Холидеј (21 кош) и Крис Мидлтон (18 кошеви).
На спротивната страна, најефикасни беа Крис Пол со 19, односно Деандре Ејтон и Џеј Краудер со по 18 поени.