Веднаш по загубената полуфинална увертира, Милвоки Бакс им се одмаздија на Атланта Хокс и ја израмнија меѓусебната серија на 1-1.
Во вториот меч, на домашен терен, Милвоки славеше над ,,Јастребите” со убедливи 125-91.
Бакс водеа од стартот, па сè до крајот, а во четвртиот квартал, нивната предност дојде и до максимални +41.
Најефикасни кај победниците беа Јанис Антетокумбо и Џру Холидеј со 25, односно со 22 поени.
Кај Атланта, Тре Јанг (15 кошеви) и Данило Галинари (12 кошеви) беа поентерски најрасположени.