
Микаела Шифрин го напушти италијанскиот Кронплатц со стопроцентниот учинок, откако славеше и на двата велеслаломи на патеката ,,Ерта”.
На денешната трка, Шифрин (2:03,28) дојде до 84. победа во кариерата и дополнително го зголеми водството во генералниот пласман.
На второто место се искачи Рагнилд Мовинкел (+0,82), а третата позиција и’ припадна на Сара Хектор (+1,19).
Од останатите скијачки, под две секунди заостануваа уште: Петра Влхова (+1,37), Лара Гут-Бехрами (+1,38), Теса Ворли (+1,65) и Пола Молцан (+1,97).