Во рамките на денешната КХЛ програма, Северстаљ Череповец го совлада Барис Нур-Султан со конечни 0-1 после пенали.
Во играчкиот дел, резултатот гласеше 0-0, а во пенал-серијата, гостите беа подобри со 1-3.
За тимот од Казахстан, единствен прецизен хокеар беше Џереми Брако, додека за победничката екипа стрелаа Руслан Абросимов, Робин Прес и Илја Иванцов.
Во пресрет на останатите дуели и двата ривали ги заземаат осмите места во своите соодветни конференции.