
Во дербито на Националната лига, Њујорк Метс, на домашен терен, ги поразија ЛА Доџерс со 2-1.
Домаќините поведоа во третиот ининг со 2-0, а во шестата деветтина, гостите го постигнаа својот почесен поен.
За Метс, на овој натпревар, поентираа Старлинг Марте и Брендон Нимо, а триесет и вториот хоум-ран во сезоната на тимот од Лос Анџелес го постигна Муки Бетс.
За претставниците на Њујорк, одличен со девет страјк-аути беше стартниот фрлач Џејкоб деГром.
Во Националната лига, Доџерс (90-39) и покрај поразот останаа на првото место, додека Метс (83-48) се второпласирани.