
Металург Магнитогорск му го нанесе четвртиот врзан пораз на АК Барс Казањ, откако денес го совлада со 4-1.
После две третини, ,,Лисиците” водеа со убедливи 3-0, а во последниот период, мрежата се затресе по еднаш и на двете страни.
Единствен стрелец за гостите беше Илја Сафонов, кој намали на тогашни 3-1 во момент кога неговиот тим имаше играч помалку на ледената плоча.
Од друга страна, за Металург по еднаш реализираа Владислав Јерјоменко, Денис Зернов (пенал), Јегор Коробкин и Никита Короштелев.
Во Источната конференција, клубот од Магнитогорск го држи второто место, а АК Барс се наоѓа на четвртата позиција.




