Во дербито на денот во КХЛ, Металург Магнитогорск го порази АК Барс Казањ со резултат од 2-1.
За ,,Лисиците”, ова беше петта победа на последните шест средби и шеста во низа на домашен терен против истиот ривал.
Во средината на втората третина, Јегор Коробкин им донесе водство на домаќините, но Кирил Адамчук израмни за гостите на стартот на третиот дел.
На три минути пред крајот, при пауер-плеј ситуација, Никита Короштелев успешно го совлада Тимур Билјалов и го остави целиот плен во Магнитогорск.
На табелата на Источната конференција, Металург остана на првото место, додека АК Барс се наоѓа на шестата позиција.