Вечерва се игра натпреварот помеѓу Еурофарм Пелистер и Архус од Данска во салата „Боро Чурлевски“ од 20:45 часот. Ова ќе биде прв натпревар од Лигата на Европа за битолчани.
Тренерот Ларс Валтер е свесен дека неговата екипа во дуелот со Пролет викендов не беше на потребното ниво и многу лесно можеше да се случи домаќинот да го изненади вицешампионот.
„Ако го гледавте натпреварот против Пролет, не сме баш спремни за Европа, затоа што игравме екстремно лошо. По десет дена без шест репрезентативци малку нарушен ни е ритамот, па затоа работиме денес и утре да се поправиме. Веќе денес тоа изгледа подобро и наша цел во вторник е победа“
„Видов многу натпревари на Архус оваа сезона. Не знам дали имаат проблеми, затоа што загубија многу натпревари со еден-два разлика. Во Данска секој од шеснаесетте екипи во Првата лига може секого да победи. Можеби имаат премалку бодови, но тие се добра екипа. Играа многу брзо и мора да бидеме подготвени. Кога нашите навивачи се тука и ќе ја исполнат оваа сала тие се секогаш во форма и можеме да научиме нешто од нив. Извонредно е тука и едвај чекам да ја почувствувам таа атмосфера.“, додаде Валтер.