Металург Магнитогорск е последниот тим што избори пласман во четврт-финалето на КХЛ, откако го елиминира Барис Нур-Султан со вкупни 4-5.
Последниот нивен меч беше одигран денес, а на него Металург дојде до победата од 3-5.
После ,,празната” прва третина, следуваше втората во која гостите двапати водеа со головите на Семјон Кошелев и на Денис Расмусен, а Казахстанците двапати израмнија преку Линус Видел и преку Никита Михаилис.
Во првите 15 минути од третиот период, Металург ја стекна капитална предност од 2-4, кога Сергеј Мозјакин и Тејлор Бек, при пауер-плеј ситуација, ја затресоа мрежата на Јони Ортио.
На три минути до крајот, Кирил Панјуков намали на 3-4, а конечниот резултат го постави Сергеј Плотников на празен гол.
Сезоната за Барис заврши овде, а во конференциското полуфинале, Металург ќе ги одмери силите со Авангард Омск.
📸 Чемпионат.com