
Мемфис Гризлис ја израмнија четвртфиналната серија против Голден Стејт Вориорс на 1-1, откако синоќа триумфираа со 106-101.
Гризлис имаа константно водство во првите три четвртини, но во последниот квартал владееше резултатска неизвесност, која накрај заврши позитивно за домаќините.
Од составот на Голден Стејт, најефикасни кошаркари беа Стеф Кари со 27 и Џордан Пул со 20 поени.
На спротивната страна, апсолутен херој беше Џа Морант, кој уфрли 47 кошеви, а притоа запиша 8 скокови и 8 асистенции.