четврток, мај 26, 2022
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

Ратко Павличевиќ е нов селектор на македонската машка одбојкарска репрезентација

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
мај 3, 2022
📁 Останато

Македонските одбојкари отвораат ново поглавје во настапите на три фронта, сега со Ратко Павличевиќ на селекторската позиција. Српскиот стратег ќе го преземе кормилото на црвено-жолтите пред новиот обид конечно да се освои Европската сребрена лига, а потоа преку учеството на Медитеранските игри, турнирот „Чајка“ и пријателските натпревари, да се одреди новиот изглед на тимот чијашто задача е да се одржи, а по можност и да се унапреди пред Европското првенство во 2023-та на коешто ние ќе бидеме коорганизатори.

Павличевиќ, кој во 2018-тата кратко беше во стручниот штаб на македонската репрезентација, ќе прозива утре во Маврово, а според очекувањата, неговиот избор е на истите одбојкари коишто играа на последните два континентални шампионата во Словенија и во Финска, со напомена дека на списокот од 24 репрезентативци се и неколкумина млади и перспективни играчи.Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Деспотовски, Ефтим Ричлиев и Давид Стојанов се техничари, Никола Ѓорѓиев, Стојче Арсов и Стефан Алексов коректори, оссумина одбојкари конкурираат за позицијата примач: Владо Милев, Александар Љафтов, Стојан Илиев, Лука Костиќ, Васе Михаилов и новаците Блертон Бафтијари од Шкендија, Ангел Бошков од Универзитет во Тетово и Оливер Куновски од Борец. Стандардните Филип Маџунков, Ристо Николов, Филип Савовски, Славе Наков и Филип Лепидовски се блокери, а шанса ќе има и за Михајло Мирасчиев од Штип УГД и за Христијан Андоновски од Борец. Дарко Ангеловски и Костадин Ричлиев ќе играат либера.

Павличевиќ во тренерската кариера работеше во четири земји: во машкиот и во женскиот тим на Црвена звезда, во Ал Хилал во Саудиска Арабија, во Пафос и во Фоњикас во Грција, како и во Амрисвил и во Шеноа во Швајцарија, а како активен одбојкар беше репрезентативец на Југославија по распадот на СФРЈ. Неговиот прв селектороски предизвик се нарекува Европска сребрена лига 2022 во којашто годинава Македонија е во група со Босна и Херцеговина, со Албанија и со Романија. Првите две селекции ќе обезбедат пласман на завршниот турнир во Будимпешта, а уште отсега е јасно дека таму ќе сервираат Унгарија и Финска како единствени селекции во другата група по откажувањето на Азербејџан. Во седмиот настап во ова натпреварување, македонската репрезентација ќе игра за првото злато, по четирите сребрени медали и едно трето и едно четврто место. Потоа, на крајот на јуни и на почетокот на јули, со изменет кадар, Македонија ќе се тестира на Медитеранските игри во Алжир и ќе ја продолжи традицијата на турнирот „Чајка“.

ShareTweet
Претходна вест

Работнички и Јанта волеј во четврток ќе одлучат за титулата кај дамите

Следна вест

(ВИДЕО) Мемфис предводен од Морант триумфираше над Голден Стејт

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

(ВИДЕО) Мелбурн Сторм се вратија на победничките патеки
Останато

(ВИДЕО) Мелбурн Сторм се вратија на победничките патеки

✏️ Епов Насе
26/Мај/2022
(ВИДЕО) ,,Пиратите” ја добија серијата против Колорадо Рокис
Останато

(ВИДЕО) ,,Пиратите” ја добија серијата против Колорадо Рокис

✏️ Епов Насе
26/Мај/2022
(ВИДЕО) Колорадо ,,прокоцка” речиси сигурен пласман во полуфиналето
Останато

(ВИДЕО) Колорадо ,,прокоцка” речиси сигурен пласман во полуфиналето

✏️ Епов Насе
26/Мај/2022
Македонија ја “преслуша” БиХ со убедливи 3:0 (Сребрена лига)
Останато

Македонија ја “преслуша” БиХ со убедливи 3:0 (Сребрена лига)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
25/Мај/2022
Следна вест
(ВИДЕО) Мемфис предводен од Морант триумфираше над Голден Стејт

(ВИДЕО) Мемфис предводен од Морант триумфираше над Голден Стејт

Последно

(ВИДЕО) Мелбурн Сторм се вратија на победничките патеки

,,Луди” идеи од навивачите на Фејеноорд: Татко и син ја насмеаја спортската јавност

(ВИДЕО) ,,Пиратите” ја добија серијата против Колорадо Рокис

(ВИДЕО) Колорадо ,,прокоцка” речиси сигурен пласман во полуфиналето

(ВИДЕО) Бостон славеше на гостински терен и поведе со 3-2

Вардар против Тиквеш ќе ја прослави титулата

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.