
На третиот натпревар во месец март, Мемфис Гризлис дојдоа до втората победа, совладувајќи ги Орландо Меџик со 124-96.
Гризлис водеа во текот на цел натпревар, а клучната предност ја стекнаа во втората четвртина што ја добија со 37-16.
Од победничките редови, најефикасни со 25, односно со 24 поени беа Џа Морант и Десмонд Бејн.
На спротивната страна, дабл-дабл запиша Моритц Вагнер (17 поени и 11 скокови), а 19 кошеви уфрли Кол Ентони.
Со овој триумф, Мемфис (44-21) изби на второто место на Западот, додека Орландо (16-49) е последен тим во Источната конференција.