
Мемфис Гризлис ја спасија првата ,,меч-топка” на Голден Стејт Вориорс, совладувајќи ги со 134-95 и намалувајќи ја меѓусебната серија на 3-2.
Домаќините водеа во текот на црл меч и одиграа убедлива партија со максимални +55 кон крајот на третата четвртина.
Со изостанувањето на Џа Морант, најефикасни кај Гризлис со по 21 поен беа Десмонд Бејн, Џерен Џексон и Тајус Џонс.
На спротивната страна, Клеј Томпсон уфрли 19 кошеви, а уште 17 додаде Џонатан Куминга.