
Калгари Флејмс поведоа со вкупни 3-2, откако ги совладаа Далас Старс со 3-1 во петтиот меч од меѓусебната осминафинална серија.
После првите две третини, Далас водеше со 0-1, благодарение на Џејсон Робертсон, кој го совлада Јакоб Маркстром.
Сепак, во третиот период, бркајќи ја негативата, домаќините упатија шеснаесет шутеви кон противничкиот гол со реализација од 18,75%.
Во листата на стрелците за Калгари се запишаа Микаел Беклунд, Ендру Манџапане и Тревор Луис.