
Мемфис Гризлис го запишаа вториот овосезонски триумф, откако ги совладаа ЛА Клиперс со 114-120, притоа нанесувајќи им го вториот пораз.
На мечот, Клиперс имаа дури и двоцифрена предност во втората четвртина, но Мемфис го презеде водството во третиот квартал и го држеше до самиот крај.
Од домашните кошаркари, единствен расположен во нападот беше Пол Џорџ со дабл-дабл учинок од 41 поен и од 10 скокови.
На спротивната страна, над 20 поени постигнаа тројца играчи, односно Џа Морант (28), Де’Ентони Мелтон (22) и Џерен Џексон (21).



