Од јуни 2014, па сè досега, Мелбурн Сторм имаат серија од дванаесет победи и само еден пораз во меѓусебните дуели со Голд Коуст Титанс.
Во 23. коло од овогодинешната сезона, Сторм дојдоа до деветнаесеттата победа во низа (израмнување на актуелниот рекорд), откако ги поразија Титанс со 20-34.
После првото полувреме, домаќините имаа предност од 16-12, но во вториот дел, гостите стекнаа капитална предност со серијата од 22-0.
За Голд Коуст, Џамал Фогарти погоди 2/4 конверзии, а со есеј поентираа Грег Марцхју (2′), Џејден Кемпбел (11′, 32′) и Тајрон Пичи (75′).
На спротивната страна, задолжен за конверзиите беше Рајан Папенхајзен (5/6), а во листата на стрелците се запишаа Марион Севе (23′), Хари Грант (27′), Камерон Манстер (45′), Џош Адо-Кар (57′, 69′) и Ничо Хајнс (61′).
На табелата, Мелбурн остана на врвот, додека Титанс ја заземаат осмата позиција, но со натпревар повеќе во однос на конкурентите.