Познатото А23 Дерби, кое го сочинуваат Брајтон и Кристал Палас, го затвори 25. коло од англиската Премиер лига.
На мечот, Палас дојде до победата од 1-2 и изби на тринаесеттото место на табелата, оставајќи го Брајтон на шеснаесеттата позиција.
Имено, на теренот постоеше само Брајтон, кој упати дури 25 шутеви кон голот на Висенте Хуаита. Сепак, мрежата на Шпанецот ја затресе само Јоел Велтман (55′), кој се запиша во листата на стрелците за првпат сезонава.
Од друга страна, фудбалерите на Палас само трипати шутираа кон противничкиот гол.
Најпрво, со дебитантскиот гол за лондонскиот клуб, Жан-Филип Матета (28′) на сензационален начин му донесе водство на Кристал Палас, а џокерот од клупата, Кристијан Бентеке (90+5′), беше стрелец на победоносниот погодок.
📸 Twitter: Crystal Palace F.C.