После воведните два порази, Вегас Голден Најтс успеаја да ја израмнат четврт-финалната серија против Колорадо Аваланш на 2-2.
Имено, во синоќешниот четврт дуел помеѓу овие две екипи, ,,Златните витези” славеа со убедливи 5-1.
Најпрво, уште во втората минута, Брендон Саад успешно стрелаше и им донесе почетно водство на Аваланш.
Сепак, во продолжение следуваше ,,петарда” во голот на Филип Грубауер.
Со по еден гол во секоја третина, Џонатан Маршесолт го комплетираше својот хет-трик, а по еднаш, во листата на стрелците се запишаа уште Макс Пачорети и Патрик Браун.