Атланта Хокс поведоа со 1-0 во четврт-финалната серија против Филаделфија 76ерс, откако го добија првиот меч со 124-128.
,,Јастребите” стекнаа двоцифрена предност уште во првата четвртина и истата ја одржуваа речиси до самиот крај.
Кај поразениот состав, најефикасен беше Џоел Ембиид со 39 поени, а дабл-дабл забележаа Тобијас Херис (20 поени и 10 скокови) и Бен Симонс (17 поени и 10 асистенции).
На спротивната страна, по две двоцифрени статистики имаа Тре Јанг (35 кошеви и 10 асистенции) и Клинт Капела (11 кошеви и 10 скокови), а Србинот Богдан Богдановиќ уфрли уште 21 поен.