
Марко Одермат го освои малиот кристален глобус во супервелеслалом, откако триумфираше на трката во Аспен (САД) во рамките на Светскиот куп во алпско скијање.
За Одермат (1:06,80), ова беше деветта овосезонска победа, која го донесе на само 214 поени од заверувањето на втората титула во низа во генералниот пласман.
На втората позиција се пласираше Германецот Андреас Сандер (+0,05), кој се искачи на пиедесталот за првпат сезонава, додека третопласиран беше Александер Омодт Килде (+0,34).
Во продолжение, во првите десетмина завршија уште: Штефан Бабински (+0,47), Лоик Мејар (+0,51), Нико Гауер (+0,65), Винсент Крихмајер (+0,70), Жистин Муризие (+0,75), Нилс Алегр (+0,76) и Рајли Сегер (+0,78).