
Во претпоследното дваесет и петто коло од првиот дел на грчката Супер лига, Олимпијакос ја оствари најубедливата победа во досегашниот дел од сезоната.
Имено, претставниците на Атина го поразија Левадијакос со убедливи 6-0 и го продолжија неговиот ,,пост” на пет натпревари без постигнат погодок.
Од победничките редови, по двапати во листата на стрелците се запишаа Пеп Биел (2′, 49′) и Серџи Кањос (86′, 88′), а по еднаш реализираа Хванг Ин-Беом (38′) и Седрик Бакамбу (п. 58′).
Со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Олимпијакос дојде до второто место на табелата, додека Левадијакос падна на претпоследната позиција.