Третиот, воедно и последен натпревар од серијата помеѓу Сан Диего Падрес и Сиетл Маринерс беше одигран во седум ининзи.
Конечниот резултат изнесуваше 3-8 во корист на Маринерс, кои ги постигнаа своите поени во првиот и во седмиот ининг. ,,Грен-слем” хоум-ран постигна Хозе Мармолехос, а уште еднаш, оградата ја префрли Шед Лонг Џуниор.
Единствениот хоум-ран за Падрес го постигна Мани Машадо, исто така во првиот ининг.
За Сан Диего, ова е втор пораз на последните три меча, односно втор пораз во серијата со денешниот ривал, но сепак ја зазема втората позиција во Западната дивизија на Националната лига со учинок од 19-14.
Сиетл, со петтата победа на последните шест дуели, се искачи на 13-20 и е третопласиран тим во Западната дивизија на Американската лига.



