Колерејн го елиминира Марибор и испиша историја!
Клубот од Северна Ирска, после пенали го елиминира актуелниот словенечки вицешампион и за првпат во историјата избори пласман во втората квалификациска рунда за влез во Лига Европа.
По два часа игра, резултатот гласеше 1-1, откако за гостите погоди Џејмс МекЛафлин (62′), а за Марибор израмни Руди Ванцаш (66′).
Во 105. минута, Марибор испушти колосална шанса за победа, но резервистот Амир Дермишевиќ ја погоди пречката од белата точка.
Во пенал-серијата, сите постигнаа погодок, освен гореспоменатиот Ванцаш, кој погоди статива во петтата серија. Победоносниот единаестерец за Колерејн го погоди Бен Доерти.
Во претквалификациското коло, северноирскиот вицешампион славеше над санмаринскиот претставник, Ла Фиорита, со 1-0.