Младата пејачка Марија Спасовска имаше одличен настап на фестивалот Макфест 2022 со песната „Омилен” за која веќе објави и видеоспот. Марија е автор на музиката и текстот за оваа песна, додека Роберт Билбилов го направи аранжманот. Видеоспотот за оваа песна го направи тимот oд „Урбан Рекордс“.




