Еурофарм Пелистер во првото коло од новата сезона во ЕХФ Европската лига загуби дома од данскиот Архус. Веќе утре од 20:45 часот во Португалија следен противник на македонскиот вицешампион ќе биде екипата на Агуаш Санташ Миланеза која исто така беше поразена во првото коло од шпанската Бидасоа Ирун со 35:26. Репрезентативниот голман Марко Кизиќ ќе го нема за нашиот тим, кој како што информираат од клубот, чуварот на мрежата се здоби со повреда на натпреварот со Архус.
“Тимот на Агуаш Санташ игра агресивна одбрана, брзи се на полуконтра и играат трпелив напад. Ние мора да ги намалиме техничките грешки и да не дозволиме лесни голови. Тие ќе имаат проблем со нашата одбрана. Со победа мислам дека ќе бидеме блиску до следната фаза.” – изјави средниот бек Марио Танкоски.




