Манчестер Јунајтед го доби големото дерби против Ливерпул во рамките на 16-финалето од ФА купот. ,,Црвените ѓаволи” до триумф над лутиот ривал дојдоа благодарение на голот од слободен удар на Бруно Фернандес во 78-ма минута.
Португалецот влезе во игра само 12 минути пред да го даде голот. Откако дојде во Англија, Бруно е најефикасен од премиерлигашките фудбалери во сите натпреварувања. Во прилог и решавачкиот гол на Бруно: