Денес 24.01.2021 година на Атлетскиот митинг „ Црвена Ѕвезда „ кој се одржа во Белград / Србија, Јован Стојоски успеа да го собори сопствениот личен рекорд освојувајќи го 1вото место на трката на 400м со резултат 47.57 сек вреден 1069 иааф бодови, со кое ја исполни нормата за учество на Европско првенство во сала за Сениори-ки кое ќе се одржи на 5-7 Март 2021 година во Торун / Полска и моментално е на само 8 стотоинки оддалечен од Рекорд во оваа дисциплина, кој е во споственост на Исмаил Мачев поставен во далечната 1987 година или стар 34 години.
На денешната програма на еминентниот Митинг преку атлетските клубови учество земаа наши атлетичари и ги постигнаа следниве резултати :
1. Јован Стојоски 400м 47.57сек 1во место 1069 бодови
2. Дарио ивановски 3000м 8.05.98 1во место 1042 бодови
3. Ана Божиновска 60м 8.26сек 13то место 819 бодови
4. Ана Божиновска 200м 27.24сек 8то место 804 бодови
5. Блажо Љушев далечина 6.42м 7мо место 798 бодови
6. Блажо Љушев 60м 7.51сек 23то место 697 бодови
7. Камелија Кајчевска 60м 8.72сек 15то место 693 бодови
8. Милош Ранчиќ 3000м 9.12.02сек 2ро место 690 бодови
9. Снежана Туневскса 60м 8.95сек 18то место 634 бодови
10. Снежана Туневскса 200м 30.51сек 13то место 566 бодови
11. Дамјан Јакимовски 3000м 11.30.30сек 3то место 186 бодови.