
Во рамките на синоќешната МЛБ програма, Мајами Марлинс ги поразија Њујорк Метс со 0-2 после продолжение.
Имено, во дополнителниот десетти ининг, Били Хамилтон со ,,кражба” го отвори резултатот, а предноста на гостите од Флорида ја удвои Хесус Санчез по ударот на Лук Вилијамс.
,,Светла точка” кај поразениот состав беше само стартниот фрлач, Тејхуан Вокер, кој освои седум страјк-аути.
Во Американската лига, Метс (53-33) паднаа на второто место, а Марлинс (41-43) ја држат деветтата позиција.