
После двата врзани меѓусебни порази, Мајами Марлинс двапати ги поразија Питсбург Пиратес и ја израмнија серијата на вкупни 2-2.
Имено, синоќа, во четвртиот дуел, домаќините од Флорида дојдоа до триумф од 3-2 после два дополнителни ининзи.
Во регуларниот дел, двете екипи имаа по еден поен, но во десеттиот и во единаесеттиот период, Марлинс успеаја да се снајдат подобро.
Одличен за домашниот состав беше стартниот фрлач Бракстон Герет со единаесет страјк-аути, а поените ги постигнаа Били Хамилтон, Хесус Агилар и Ависаил Гарсија.
Од противничкиот табор, во листата на поентерите двапати се запиша Јоши Тсутсуго, кој со трчање освои по четири бази.
Во Националната лига, Мајами (43-45) се наоѓа на деветтата позиција, а Питсбург (38-52) го држи дванаесеттото место.