
Во осумнаесеттото коло од шкотскиот Чемпионшип, Партик Тисл ја запиша првата меѓусебна победа на домашен терен после 2012 над Реит Роверс, откако славеше со минимални 1-0.
Во Глазгов владееше многу густа магла што резултираше со намалена видливост околу, но и на самиот терен.
Откако дефанзивецот на Реит, Кристоф Бера (61′), заработи црвен картон, домаќините добија елан за игра и го постигнаа победничкиот гол во судиското продолжение.
Стрелец на погодокот беше Кајл Тарнер (90+6′), кој го запиша првиот гол за Партик, откако премина на ,,Фирхил Стадиум” од редовите на Ердрионианс.
Урнебесна беше реакцијата на официјалниот Твитер профил на Партик, која гласеше:
,,Немам поим кој постигна погодок во маглата. На кој му е гајле?”
Вчера, маглата беше присутна на сите терени, а поради неа, мечот помеѓу Килмарнок и Данфермлин беше прекинат во 63. минута при резултат од 1-1.
Веднаш после прекинот, тренерот на домаќините, Томи Рајт, доби отказ после неисполнувањето на очекувањата на клубот за експресно враќање во Премиер лигата.
На табелата, изненадувачки, првопласиран е Арброут, пред Инвернес, Партик Тисл, Реит Роверс и Килмарнок, кои се наоѓаат во само пет поени.



