Петтиот натпревар од полуфиналната серија помеѓу Феникс Санс и ЛА Клиперс можеше да биде и последен, имајќи предвид дека кошаркарите од Аризона водеа со вкупни 3-1.
Сепак, на него, Клиперс дојдоа до триумф од 102-116 и ја спречија првата ,,меч-топка” на Феникс.
Речиси во текот на цел натпревар, Клиперс имаа двоцифрена предност, дозволувајќи му на противникот да води само во еден момент.
Маестрална партија за победниците одигра Пол Џорџ, кој уфрли 41 поен и 13 скокови, а по него следуваше Реџи Џексон со 23 кошеви.
За Санс, Девин Букер беше најефикасен со 31 поен, а единствен со дабл-дабл учинок беше Деандре Ејтон (10 поени и 11 скокови).