
На четирите меѓусебни пресметки во 2022, ИФК Хелсинки и Луко имаат по две победи и по два порази.
Имено, Луко денес го израмни меѓусебниот учинок, триумфирајќи во финската престолнина со 1-4.
За домаќините, единствениот погодок го постигна Јулиус Натинен во втората третина за намалување на тогашни 1-2.
Од друга страна, гостите стрелаа по двапати во непарните периоди, а голгетери беа Томас Грегуар, Мет Абт, Габриел Фонтен и Тармо Реунанен.
На табелата, ИФК ја зазема единаесеттата позиција, додека Луко остана на првото место.