За првпат после 2015, Трабзонспор триумфираше на гостински терен против Бешикташ, откако денес ги однесе трите поени со резултат од 1-2.
Момците од брегот на Црното Море постигнаа два погодоци во продолжението на првиот, односно на вториот дел, а херои беа Абдулкадир Омур (45+4′) и Андреас Корнелиус (90+6′).
На голот на Данецот му претходеше старт во шеснаесетникот на Трабзонспор, после кој домаќините бараа, но не добија пенал.
Нивната нервоза кулминираше во 100. минута, кога настана мешаница после неспортскиот фаул на Жосеф Соуса над гостинскиот голман Угурџан Чакир, кој накрај заработи црвен картон.
Во текот на натпреварот, Бешикташ имаше поубедлива игра, а единствен стрелец беше Кајл Ларин (62′), погодувајќи за 1-1.
Третиот пораз на последните четири лигашки средби го спушти Бешикташ на четвртата позиција со натпревар повеќе во однос на конкурентите, додека Трабзонспор го држи врвот со седум бодови предност пред Хатајспор.