
Во првото четвртфинале од плејофот на англиската Национална лига, Нотс Каунти загуби од Гримзби со 1-2 после продолженија.
Домаќините беа со ,,една нога” во полуфиналето, откако најдобриот клупски стрелец, Рубен Родригеш (73′), им донесе водство со дваесеттиот овосезонски лигашки погодок.
Сепак, гостите не се предадоа и дојдоа до израмнување во шестата минута од судиското продолжение, кога во гужвата во шеснаесетникот најдобро се снајде Гаван Холоан (90+6′).
Минатогодишните четвртолигаши го комплетираа целосниот пресврт во последните мигови преку дваесетгодишниот Енди Смит (119′).
Во полуфиналето, Гримзби ќе ги одмери силите со второпласираната екипа после регуларниот дел – Рексам.