
Ст. Џонстон успеа да избори опстанок во шкотскиот Премиершип, откако во баражот беше подобар од Инвернес со вкупни 6-2.
После ремито од 2-2 на гостински терен, ,,Светците” изборија убедлив триумф од 4-0 на домашниот ,,МекДермид Парк”.
Во реваншот, на полувремето, резултатот гласеше 0-0, а во вториот дел, старо-новите прволигаши имаа потполна доминација.
Првиот гол на мечот беше дело на Стиви Меј (46′), кој влезе во игра неполна минута претходно и веднаш го оправда епитетот на џокер од клупата.
За кратко време, Камерон МакФерсон (53′) ја удвои предноста на својата екипа, а во завршницата, од две брзи контри, конечниот резултат го поставија Калум Хендри (88′) и Шон Руни (90′).