Поп-пејачот Влатко Лозаноски – Лозано ја претстави својата нова песна Среќен пат, за која е снимен и видеоспот. Тој вели дека е особено задоволен што објавува емотивна балада со искрена приказна и се надева дека таа ќе ги допре слушателите.
Текстот за песната го напиша Луна Ристиќ, музиката е дело на Гоце Симоноски, додека аранжманот го изработи продуцентот Лазар Цветкоски, долгогодишен соработник на Лозано.
Спотот е во режија на Гордан Божиновски и Верица Донев-Божиновска, а главните улоги во него ги толкуваат актерите Катерина Јовановиќ и Метин Ибрахим




