
Во единствениот денешен натпревар од програмата на КХЛ, Локомотив Јарослављ триумфираше на домашен терен против Динамо Минск со 1-0.
Локомотив беше далеку подобар тим во текот на цел дуел, но голманот на гостите, Алексеј Колосов, спречи дебакл со 32/33 одбранети шутеви (96,97%).
Единствениот погодок падна после педесет минути игра, кога прецизно, по третпат сезонава, стрелаше Максим Березкин.
Во Западната конференција, Динамо остана на осмото, а Локомотив на четвртото место.