
Во десеттото коло од грчката Супер лига, Јанина ја запиша втората овосезонска победа.
На стадионот ,,Зосимадес”, клубот од Епир триумфираше после пресврт над Астерас Триполис со 2-1.
Гостите беа за нијанса подобри во првото полувреме, но дојдоа до предност на стартот на вториот дел преку првиот гол во 2022/23 на Ческ (47′).
Сепак, во интервал од тринаесет минути, домашниот состав дојде до трите бода, благодарение на Клаудиу Балан (63′) и на Мансу Фофана (76′).
На табелата, Јанина направи голем скок до деветтата позиција, потиснувајќи го денешниот ривал на десеттото место.




