Биатлонките од Светскиот куп, денес се натпреваруваа на втората должинска индивидуална трка во сезоната на 15 километри во италијанскиот Антхолц.
Антхолц е место со околу 3000 жители и се наоѓа во североисточна Италија на 1600 м.н.в.. Оваа висина е доволна за Антолц да биде највисоката станица во календарот на Светскиот куп во биатлон.
Денешната трка започна со хронометарски старт и беше придружена со четири стрелања.
Накрај, се случија доста изненадувања, откако главните фаворитки потфрлија. Имено, Лиза Тереза Хаузер (42:29,3) дојде до првата победа во кариерата, пред Украинката Јулија Џима (+43,7), која беше единствена без ниеден промашај.
Третото место го освои Ане Шевалие-Буше (+1:04,0), која потфрли при последното стрелање.
Актуелната шампионка, Доротеа Вирер, заврши како четврта (+1:15,1), а по беа, во првите десет, следуваа Јанина Хетих (+1:23,9), Евгенија Павлова (+1:49,1), Светлана Миронова (+1:51,3), Ѕинара Алимбекава (+1:52,4), Улијана Каишева (+1:55,6) и Дуња Здовц (+2:28,0).
Од Норвежанките, најдобра, на 18. позиција, беше Тирил Екоф (+2:52,3), а сите останати беа над 30. место.
📸 Stanko Gruden/Agence Zoom/Getty Images