Вардар конечно ја прекина кризата и забележа важна победа над норвешки Елверум со резултат од 35:32 на полувреме беше 17:20 и дојде до полн плен вторпат оваа сезона во ракометната елита.
Најефикасен во таборот на Вардар беше Дибиров со 9 гола, пред Георгиевски со 6, а Шеваљевиќ, Гаџа и Чупиќ стрелаа по 4 пати. Кај Елверум, Мате даде 5 гола заедно со Пујол, а Хедберг и Кристоферсен имаа 4 гола зад своето име.
Вардар, кој по долго време го напушти последното место и сега му го предаде на Елверум, според распоредот во следното коло треба да биде домаќин на Мешков Брест на 4-ти март.