
Лидерите на Источната конференција, Бостон Бруинс, синоќа ги совладаа Нешвил Предаторс на гостински терен со убедливи 0-5.
За ,,Предаторите”, ова беше трет пораз на последните четири средби, кој ги остави на десеттата позиција на Западот.
На мечот, Бруинс имаа по еден гол во непарните и три гола во втората третина.
Во листата на стрелците се запишаа пет различни хокеари, односно Бред Маршан, Крег Смит, Патрис Бержерон, Дерек Форборт и Трент Фредерик.
Голманот на победничкиот состав, Џереми Свејман, дојде до третиот шут-аут во сезоната, одбранувајќи ги сите дваесет и осум противнички шутеви.