Во финалето на Про 14, едно од најпрестижните европски клупски натпреварувања во рагби, се соочија два ирски провинциски клубови – Леинстер и Улстер.
Во полуфиналето, Леинстер го порази Манстер (13-3), а Улстер беше подобар од Единбург (19-22).
На финалниот меч, до победата, а воедно и до својата седма титула, односно втора во низа, во ова натпреварување, дојде екипата на Леинстер, којашто славеше со 27-5.
Улстер стекна рано водство од 0-5 преку полагањето на Хјум, но тоа беше сè што се однесува до нивното поентирање.
За Леинстер, по еден есеј забележија Лоув, Хеншоу и Свитмен-Дорис, а останатите поени ги постигнаа Бирн и Секстон преку конверзии и пенали.



