
Од географска гледна точка, Северна Ирска се состои од шест региони, Ферманах, Армах, Тироун, Дери, Даун и Ентрим, кои имаат посебни фудбалски купови.
Во овогодинешното финале на купот на Ентрим (Каунти Ентрим Шилд), екипата на Ларн дојде до третата последователна титула, поразувајќи го Линфилд после пенали со 4-3.
После регуларниот дел, резултатот гласеше 0-0, а наместо продолженија, двата ривали одлучија директно да се пресметаат во пенал-серијата.
Причината за оваа одлука беше повредата на главата на голманот на Линфилд, Дејвид Волш, која резултираше со десетминутен прекин.
Од ударите од белата точка, за Ларн погодија Томас Косгроув, Пол О’Нил, Џеф Хјус и Марк Рендал, додека единствениот промашај го имаше Лерој Милар.
На спротивната страна, непрецизни беа Ендру Кларк и Мајкл Њубери, а успешно реализираа Крис Шилдс, Крис МекКи и Крис Џонс.