
Јоханес Лампартер триумфираше по вторпат во два дена и го презеде првото место во генералниот поредок на Светскиот куп во нордиска комбинација од Јарл Магнус Риибер, кој не учествуваше на последните четири трки.
Лампартер го запиша третиот триумф во својата кариера, откако беше најдобар и на второто натпреварување во Клингентал, Германија.
Австриецот, во вториот дел, скијаше рамо до рамо со најблиските конкуренти, но, во текот на последните два километри, створи удобна предност што му овозможи мирен финиш.
По вторпат во два дена, зад Лампартер заврши Естонецот Кристјан Илвес (+8,4), кој го претекна новајлијата на подиумот во тековната сезона, Франц-Јозеф Рерл (+8,7), за само три десетинки.
Пласманот во топ 5 го комплетираа Норвежаните Јорген Граабак (+19,0) и Еспен Андерсен (+21,3), а под половина минута заостануваше уште вчерашниот третопласиран – Рјота Јамамото (+21,8).




