Гамбија и Мали со ,,една нога” се пласираа во нокаут-фазата од Африканскиот куп на нации, откако, во второто коло од групата Ф, ремизираа со 1-1.
Двете екипи имаат по четири поени со гол-разлика од 2-1 и ги заземаат првите две позиции во својата група, пред Египет и пред Мавританија.
Мали доминираше во текот на цел натпревар и успеа да стекне предност од 1-0 со вториот гол од пенал на шампионатот за Ибрахима Коне (79′).
До крајот, дебитантот на континенталниот собир, Гамбија, ја презеде иницијативата и доби единаесеттерец во последната минута од регуларниот дел поради играта со рака на Ивес Бисума.
Ладнокрвен и прецизен од белата точка беше асот на Болоња, Муса Бароу (90′), постигнувајќи го третиот гол во репрезентативниот дрес.